За Нас
Секогаш Професионални
Oбезбедувањето е наша примарна дејност уште од 2000 година како прва лиценцирана агенција за обезбедување на лица и имот на територијата на Република Македонија
Себеси се гледаме како стабилна компанија која нуди сигурност на своите клиенти преку професионално делување и максимална посветеност за изнаоѓање на соодветните безбедносни решенија.
Агенција која делува на целата територија на Република Македонија со повеќе од 400 вработени кои го прават Вашето секојдневие побезбедно.
Зошто ОСА? Наши Основни вредности
Наша основна вредност е доследноста во континуитетот на високиот квалитет во извршувањето на услугите во обезбедувањето со што станавме препознатливи како бизнис лидери во оваа индустрија
Мисија
Соочувајќи ги предизвиците на променливото и несигурно секојдневие, нашата компанија како мисија во работењето ја превзеде обврската на ГРАДЕЊЕ НА ДОВЕРБА, а не страв!
Визија
Нашата визија преку политиките на работење на компанијата за нашите сегашни и идни клиенти да останеме најдобрата компанија со која соработувале, за нашите вработени да овозможиме соодветна грижа за нивниот добробит нудејќи можности за нивно постојано надградување и лично унапредување во стабилна работна средина, постојано стремејќи се кон унапредување и усовршување на сите сфери на нашиот бизнис и општеството каде делуваме, притоа остварувајќи цврсст и стабилен раст и разво на нашата компанија.
Цел
Наша основна цел е да ги надминеме очекувањата на нашите клиенти преку извршување на професионални и квалитетни улсуги од највисоко ниво на приватното обезбедување при тоа создавајќи мирно и хармонично секојдневие за слободно живеење и делување на нашите клиенти и поширока заедница. Пристапот кон клиентите првенствено го градиме врз основ на доверба и чувство на сигурност, со особено внимание на заштита на приватноста, дискреција и тајноста во работењето, секогаш лојални на нашите клиенти.
01.
Градиме професионален и партнерски однос со нашите клиенти заснован на взаемна доверба.
02.
Доследност во делувањето и примена на светски признаени тактики и методики во изнаоѓање на соодветни безбедносни решенија се нашето секојдневие.
03.
Се предизвикуваме самите себеси да ги подобруваме нашите перформанси од година во година со што креираме долготрајна одржливост.
04.
Ги имаме најпрофесионалните кадри, се грижиме за нивната кариера и нудиме можности за постојано надградување и напредок.