Видео мониторингот заедно со нашите вклучени патролни единици е најпримарната дејност од услугите на ОСА. Во оваа услуга вметнавме врвна технологија и професионална обучена екипа која 24 часа ги набљудува и следи камерите во вашиот објект. ОСА поседува најсовремен видео мониторинг центар опремен со врвот на технологијата во мониторинг индустријата.

Агенција за приватно обезбедување ОСА во рамките на техничко обезбедување, ги нуди следните услуги:

  • проектирање, испорака и монтажа на системи за техничко обезбедување и нивна гаранција
  • редовно одржување и сервисирање преку сопствен сервис
  • дежурни сервисни екипи 24/7.

Нашиот систем за техничко обезбедување се поставува во објект кој се набљудува со вискоко квалитетен систем за видео надзор на кој се поставени камери на клучни позиции кои треба да се заштитат како: влезови, магацини, канцеларии, простории со вредни предмети, стоваришта и сл. Системот врзан за камерите поставени на клучните локации комуницира со брза интернет врска и е достапен на клиентот кога е потребно. Нашиот Мониторинг центар е достапен 24 часа и активен 365 дена во годината

Доколку се соочиме со неавторизиран влез на набљудуваниот објект, нашите мониторинг службеници веднаш ја обавестуваат најблиската патрола со цел во најбрз можен рок да се упатат кон местото во кое е случен неавторизираниот влез. Нашите мониторинг службеници во одредени ситуации се обврзани веднаш да ја обавестат полицијата, пожарна, брза помош. Нашиот систем за мониторинг исто така е составен од звучен аларм кој веднаш се активира при неавторизиран влез.